Родман не може без скандали, уапсен бидејќи одбил да носи маска во авион

Денис Родман/ фото: EPA/YONHAP

Легендарниот НБА кошаркар, Денис Родман, повторно се најде во проблеми со законот откако одби да стави заштитна маска за време на авионски лет.

Еден од најконтроверзните кошаркари во историјата на НБА лигата, прво влегол во вербална расправија со персоналот во авионот, а својата постапка ја правдал со проблеми со дишењето. Веднаш по слетувањето, Родман бил приведен од полицијата.

Родман летал од Лос Анџелес до Форт Лодердејл и неколку пати ги игнорирал молбите на персоналот да ги почитува наредбите според кои сите патници во авионите мора да имаат маски на лицето. Бидејќи не сакал да соработува, била известена полицијата во Форт Лодерлејл која го уапсила Родман по слетувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот