Родителите плаќаат по 50.000 денари, а дали е ова правична казна за насилничките од Барајево?

Насилничките од Барајево, Србија кои неодамна брутално се изживуваа над врсничката (15) најверојатно ги чека исклучување од училиштето, а нивните родители парична казна до 50.000 денари (100.000 динари).

За потсетување уште еден случај на врсничко насилство ја вознемири јавноста во Србија кога на социјалните мрежи се појави видео од две девојчиња кое шамараат и малтретираат трето девојче.

Се појави и трето видео на кое се гледа како ученичката трпи насилство од друго девојче од средното училиште во Барајево, а сето тоа го снимаат другите ученици и се смејат.

Директорот на училиштето во Барајево, Добривоје Јелиќ за медиумите денес изјави:

„Одржан е состанок со членовите на просветната инспекција, школската управа и членовите на министерството. Ние водиме воспитно-дисциплинска постапка против ученичките кои извршија насилство, а во тек е и постапка од полицијата“, вели Јелиќ.

Се огласи и мајката на малтретираното дете.

„Благодарна сум им на сите кои го објавија ова за конечно да се стави крај на врсничкото насилство кое секаде се турка под тепих. Најтешко ми е како родител што тоа е моето дете. Но неизмерно сум благодарна на полицијата која во многу краток период реагираше на завидно ниво. Само ќе кажам сите се згрозени од ова што се случи и дека насилниците ќе бидат казнети како што заслужуваат“, изјави потресената мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот