Се појави и трето видео како две насилнички тепаат невино девојче! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Србија се појави ново видео кое покажува како претепаното девојче доживува насилство и надвор од училиштето.

Веќе два дена трае бурата околу снимката која се појави на Интернет на кое е забележано малтретирање на девојче во Барајево, Србија. Нејзе ја шамараат две девојки (14), ученички во школото во тоа место.

Во меѓувреме се појави и трето видео, а она што го прави уште пострашно е што на него се слуша како едно женско лице вели да продолжат со удирање шамари за да го сними видеото.

-Ај ве молам за едно видео, се слуша на снимката во еден момент, по што продолжува шамарањето.

На првичното видео две девојки (14) од Средното школо во Барајево се снимени додека ја напаѓаат третата. За сето време другите деца се смејат, па дури и самите насилнички покажуваат насмевки.

На снимката се гледа како ова девојче го малтретира друга врсничка, не онаа од првото видео.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот