Бојан Поповски/РК Вардар

РК Вардар се засили со талентираниот Бојан Поповски

Ракометниот клуб Вардар продолжува со активностите околу засилување и комплетирање на ростерот, а најново име во редовите на „црвено-црните“ е еден од најталентираните ракометари од својата генерација, 17-годишниот Бојан Поповски.

Поповски ги направи првите ракометни чекори во Преспа, по што се пресели во Алкалоид, каде настапуваше за кадетските и младинските категории. Во тековната сезона беше дел од Мулти Есенс и собираше искуство во сениорскиот ракомет.

Младиот ракометар е стандарден член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија, а особено се истакна во квалификациите за кадетското Европско првенство, каде што го заврши турнирот како најдобар стрелец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот