РК Бутел Скопје првопласиран на меморијалниот турнир „Денис Тот“

фото: РК Бутел Скопје

Бутел Скопје го освои првото место на првиот меморијален турнир во чест на прерано починатиот поранешен ракометар на клубот, Денис Тот.

На овој турнир учествуваа четири екипи РК Ѓаково, РК Бутел, РК Грачаница и РК Осиек.

Во родното Ѓаково на Денис Тот, Бутел го победи хрватскиот Осиек со резултат 25:23 во финалето.

– Честитки за домаќинот Ѓаково и сите вклучени за одличната организација на турнирот. Пехарот што го освоивме во неговиот роден град, му го посветуваме токму него – на нашиот Денис Тот! – пренесуваат од РК Бутел Скопје.

Претходно Бутелци во полуфиналниот натпревар од турнирот го совладаа составот на Ѓаково со 32:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот