Ритуали за богатство: Променете ги овие ситници и ќе ги привлекувате парите како магнет!

профимеда

Според фенг шуи верувањето постојат едноставни ритуали кои ќе ви помогнат парите буквално да се „лепат“ за вас.

Колку и да се водиме според мислата дека парите не донесуваат среќа, мораме да признаеме дека во нашиот секојдневен живот, тие играат многу голема улога. Според Фенг Шуи филозофијата, за да имате пари, мора да ги сакате, бидејќи како што енергијата не оди кај секого, така ниту парите нема да отидат кај оние што не ги сакаат…

Доколку сте подготвени да се збогатите, пробајте ги овие едноставни ритуали:

профимедиа

Изберете ја вистинската боја

Виолетовата, црвената и зелената боја поттикнуваат енергија на благосостојба во животниот простор. Еден од начините ова да го постигнете е во стаклена чинија (поставена на југоисточниот дел од станот) да ставите некој полудраг камен во овие бои, виолетов аметист, црвен карнеол или зелен жад.

Друга опција е тоа ќоше од собата да го обоите во некоја од наведените бои, или да го осветлите со ламба, исто така во таа боја.

Златната рипка, според ова верување, навистина ги исполнува желбите.

Набавете аквариум и 8 риби. Според фенг шуи, комбинацијата од осум златни рипки или рипки со портокалова боја и една во црна боја има моќ да привлече богатство. Бројот осум според кинеското верување, е број кој претставува благосостојба.

профимедиа

Парата на пара се лепи

Оваа изрека важи и во овој случај. Доколку во југоисточниот дел од станот држите чинија со ситни парички или дури и лажни пари, тоа ќе ги зголеми вибрациите и ќе помогне во привлекувањето на пари.

Видео на денот