Ристовски и Адеми во плеј-офот на ЛШ против Бодо Глимт или Жалгирис

фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Со жрепка се дознаа паровите од плеј-офот како последна пречка до групите во Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.

Динамо Загреб на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми кој во второто квалификациско коло го елиминираше Шкупи, доколку во третата рунда го исфрли и бугарскиот Лудогорец, во плеј-офот ќе игра со победникот од пресметката Бодо Глимт (Норвешка) – Жалгирис (Литванија).

Црвена звезда за ривал го има Пјуник на нашиот интернационалец Марјан Радески, и доколку белградските „црвено-црни“ го елиминираат ерменскиот претставник, во плеј-офот ќе играат против Макаби Хаифа од Израел или кипарскиот Аполон.

Првите натпревари од плеј-офот ќе се играат на 16/17 август, а реванш средбите на 23/24 август. Жрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи на 25 август.

Лига на шампиони 2022/2023

Плеј-оф, двојки –

Карабах/Ференцварош – Шериф Тираспол/Викторија Плзен
Макаби Хаифа/Аполон – Црвена звезда/Пјуник

Бодо Глимт/Жалгирис – Лудогорец/Динамо Загреб
ФК Копенхаген – Трабзонспор

Динамо Киев/Штурм – Бенфика/Митјиланд
Унион Сен Жилоаз/Глазгов Ренџерс – Монако/ПСВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот