Ристоски на „Златна Војводинска ракавица“, а се подготвува и за ЕП во Будва!

Фото: facebook.com/Aleksandar Ristoski

Македонскиот боксер Александар Ристоски се подготвува за настап на Европското првенство за јуниори кое што според најавите треба да се организира во Будва (Црна Гора) во периодот од 11 до 23 ноември 2020 година.

Тој е дел боксерскиот клуб Шкендија Но Лимит Тетово, а како загревање пред ЕП, во категоријата -75 кг. од 5 октомври ќе учествува на „Златна Војводинска ракавица“ во Србија како еден од најзначајните турнири.

Секако надежите на клубот и нивниот член се остварување на добри резултати и освојување на еден од медалите.

Лани веб изданието на „Слободен печат“ имаше ексклузивно интервју со боксерот Ристоски кое можете да го прочитате ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот