ИНТЕРВЈУ со Александар Ристоски: Сакам предизвици, боксот смирува и нè учи да имаме контрола!

„Слободен печат“ направи интервју со младиот и талентиран македонски боксер, кој чекор по чекор напредува, Александар Ристоски кој е државен шампион, а на Меморијалниот турнир во Приштина освои златен медал.

Секогаш подготвен за борба во рингот, тој е дел од боксерскиот клуб Шкендија Но Лимит Тетово и отсекогаш го привлекувале боречките вештини.

Што треба да го краси еден добар боксер, како поминува еден обичен ден на Александар, за неговите успешни резултати и сето останато можете да прочитате во продолжение.

Колку долго тренирате бокс, во кој клуб, кои ви се тренерите и колку сте задоволни од самите услови за тренирање?

– Јас тренирам бокс година време во клубот БК Шкендија Но Лимит Тетово. Моите тренери се Халим Абази, Халим Фетаи и Елмаз Синани. Имам добри услови за тренинг и сум презадоволен и од условите и од моите тренери.

Зошто одбравте токму бокс, што ве мотивираше да бидете дел од боксерскиот ринг?

– Го одбрав боксот, отсекогаш ме привлекувале боречки вештини и одлучив да почнам да тренирам, бидејќи сакам предизвици. А со тоа и брзо напредував и со тоа открив дека предизвикот ми недостасувал и така постигнав добри резултати до сега.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Чичко Дончо му порача на селекторот Ангеловски: Браво Игоре, не израдува сите бе синко

Дали имате ваш идол, кој можеби и ви беше инспирација да бидете дел од боксот?

– Да, тоа е Деонтај Вилдер и гледајќи ги неговите борби ми дадоа инспирација да бидам дел од боксот.

Како изгледа еден ваш обичен ден, што е за нас најинтересно на тренинзите, дали имате посебен режим на исхрана?

– Мојот ден започнува со редовните активности, ученик сум во трета година во Мед. Училиште во Тетово. Имам тренинзи секој ден од понеделник до петок од 19 до 21 часот. Најомилено на тренинзите ми е кога правиме спаринг, а во однос на исхраната во мојата категорија немам некој строг режим, најважно е да внесам јагленихидрати и протеини.

Бевте дел од Државното првенство за деца, кадети, јуниори и сениори, бевте шампион во категоријата 75кг во Охрид.. Кажете ни нешто повеќе од овој настан, колку беше силна конкуренцијата?

Прочитајте и...  Магдевски: Сигурно ќе бидеме потценети од противниците и тоа мора да го искористиме

– Овој настан се одржува еднаш годишно и за прв пат учествував. Боксував во полуфинале против боксерот од БК Универзалци од Скопје во кој што победив со резултат 3-0 и така влегов во финале каде исто така победив со резултат 3-0 против боксерот од БК Чаир Скопје. Ова беше голем успех за мене, бидејќи сето ова го постигнав за 1 година.

Кажете ни ги вашите најголеми успеси, резултати на домашната и меѓународната сцена?

– Најголем успех на домашната сцена за мене е Државното Првенство што се одржа во Охрид. На меѓународната сцена бев повикан од репрезентацијата на Македонија и учествував на голем турнир Војводинска Златна Ракавица во Суботица и на меморијален турнир во Приштина каде освоив златен медал.

Кои се вашите наредни активности, нови настапи во понатамошниот период?

– Сега за сега имаме пауза до февруари кога почнува првенството на бокс за 2020 година, а се надевам дека ќе бидеме поканети на некои нови турнири јас и мојот клуб додека не почне првенството.

Прочитајте и...  Заев под „вкрстен“ оган

Освен со боксот, дали имате друг омилен спорт со кој се занимавате?

– Не, како помал тренирав фудбал, но прекинав заради љубовта кон боксот.

Што според вас мора да има еден боксер, како карактер, што треба да го краси човекот за да биде добар боксер да стигне до врвот?

– Боксот го менува човекот и најважно е да бидеш психички и физички спремен, боксот смирува и нè учи да имаме контрола и респект спрема другите. Доколку веруваш во себе на патот до целта може да се совлада.

Која е вашата порака до помладите кои сакаат да се занимаваат со спорт, секако од аспект на здравјето кое е на првото место..

– Препорачувам сите да тренираат бокс иако немаат желба за борба доволен е само тренинг, затоа што боксот помага да ја пронајдеме внатрешната сила, да ги надминуваме полесно препреките и да постанеме победник.

Поврзани вести

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Ракометарите на Вардар не патуваат во Париз, ќе се бара трет термин за дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian