Ристе Јанков е новиот голман на Брегалница Штип

фото: ФФМ

Официјално Ристе Јанков е најново зимско засилување на фудбалскиот клуб Брегалница од Штип.

Голманот Јанков доаѓа од романското првенство, каде настапуваше за екипата на Поли Јаши.

Во кариерата, чуварот на мрежата уште има настапувано за екипите на Локомотива, Работнички и Каспи Актау од Казахстан.

Јанков има 25 години и е повремен репрезентативец на Македонија.

Брегалница ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, покрај тренинзите, веќе одигра и еден контролен меч во кој триумфираше над Силекс со 1:0.

Штипските „сини“ закажаа уште еден тест против клубот од Кратово на 10 февруари, а претходно закажани се пријателски дуели против Детонит, Беласица и Дубочица (Србија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот