Instagram

Рис Витерспун најде начин како да се пресмета со Џејмс Бонд: „Се прашував каква врска имаа бикините со решавањето злосторства“

Првата книга на Рис Витерспун наскоро ќе биде во продажба, а во неа можеме да очекуваме интересна приказна со силен женски лик во центарот на настаните.

На популарната актерка Рис Витерспун тајниот агент Џејмс Бонд и дошол преку глава, па нашла начин како да се пресмета со него… Она што особено и пречело во филмовите за познатиот детектив бил приказот на жените, па сега таа ја носи својата верзија на паметна и вешта детективка.

Имено, како страстна љубителка на литературата, Рис Витерспун одлучила да напише свое литературно дело, а во центарот на дејствието да го постави ликот на една интересна жена.

Нејзината книга „Gone Before Goodbye“ е класифицирана како трилер и е напишана во соработка со Харлан Кобен. Приказната е за талентираната Меги, која се наоѓа заробена во смртоносна завера и која покажува дека сексапилот не е толку важен при решавањето злосторства, како што е случајот со девојките на Бонд, кои во филмовите обично се облечени само во бикини.

„Растејќи секогаш гледав филмови за Џејмс Бонд, татко ми беше опседнат со нив, но се прашував зошто сите девојки беа во бикини и не разбирав каква врска имаше тоа со решавањето злосторства. Ако требаше да снимам трилер, сакав жената да биде во центарот на случувањата. Сакав таа да има уникатен сет на вештини што секој во светот ги сака и дека не мора да пука со пиштол или да ги удира негативците. Всушност, таа е многу паметна и многу интуитивна и неверојатен хирург“, рече актерката.

Во ексклузивно интервју за BBC News, таа призна дека малку била загрижена, но возбудата преовладала откако видела како се остварува нејзината идеја.

Актерката не сака да ја отфрли идејата за адаптација на книгата и признава дека дури би сакала да ја глуми Меги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот