Рикер: Зборувавме со претседателот Бајден како да ги унапредиме меѓусоседските односи на Балканот
В.Д. помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, на денешната прес-конференција одржана заедно со премиерот Зоран Заев, вели дека Охридскиот договор заедно со Преспанскиот ја обликуваа траекторијата на земјава кон ЕУ и НАТО.
Препорачано
– Оваа година ја прославуваме и 25 годишнината на Охридскиот договор и забележуваме дека тој е важен за напредокот на Северна Македонија. Добро ги паметам напорите кои беа вложени од тогашниот претседател Трајковски и сите кои се дел од неверојатната историја на вашата земја. Храбрата дипломатија кој Северна Македонија ја остваруваше со Преспанскиот договор со заложбата кон добрососедските односи помогнаа да се обликува траекторијата на овој регион кон ЕУ и НАТО, вели помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.
Рикер додаде дека заедно со претседателот Бајден разговарале за можните опции за унапредување на меѓусоседските односи на Западен Балкан.
– Зборувавме со претседателот Бајден како да ја унапредиме регионалната соработка на овој регион со ЕУ и подобрувањето на односите со соседите, додаде Рикер


