Рикер: Билатералните несогласувања да не го запрат заслужениот напредок на С. Македонија

фото: Слободен печат/Драган Митроски

Поранешниот амбасадор на САД во ЕУ, Филип Рикер, смета дека билатералните несогласувања не смеат да го запрат заслужениот евроинтеграциски напредок на Северна Македонија. 

– Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса – вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Рикер, на 2БС форумот во организација на Атлантскиот сојуз на Црна Гора, кажа дека Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.

Кога станува збор за Србија и Косово, статус-квото е неодржливо, рече Рикер на интернет-форумот „Да се биде безбеден“ (2БС), додавајќи дека договорот потпишан од Белград и Приштина во Белата куќа на 4 септември е пример за лидерство какво што му треба на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот