Доктори/ Фото: Профимедиа

Револуција во здравството: Дали лекарите го пронајдоа лекот за рак?

Истражувачи од Велика Британија откриле нов лек кој го намалува растот на агресивни тумори во човечкиот организам.

Станува збор за лек со името берзосертиб, кој влијае на намалување на опасната болест кај половина од пациентите кои учествувале во истражувањето.

Верзосертиб припаѓа на класата лекови АТР инхибитори кои ја блокираат функцијата на протеинот АТР, кој помага на клетките со рак да ја оштетат ДНК-та. Тимот на лекари исто така открил дека туморот во целост исчезнал кај двајца пациенти.

Авторот на студијата, професорот Јохан де Боно од Институтот за истражување на ракот изјавил: „Нашето клиничко испитување прво ја тестира безбедноста на новиот лек, а не’ охрабрува фактот дека во оваа рана фаза на истражување ги имаме и првите резултати“.

Во објаснувањето се наведува дека целта е да се пронајде начин да се спречи обновување на ДНК клетките со рак, бидејќи на тој начин може да се намали ширењето на туморот кај луѓето.

Околу 40 луѓе ја земале дозата на лекот берзосертиб, а научниците кај половина од нив откриле дека ракот престанал да се шири само од овој лек или заедно со хемотерапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот