Репрезентациите ги комплетираа составите за Мундијалот
Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера објави дека сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство ги испратиле конечните списоци со по 26 играчи.
Препорачано
Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза.
Шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч кој ќе игра на Мундијалот со 43 години и 162 дена, додека пак најмлад е Мексиканецот Гилберто Мора со 17 години и 240 дена.
Светската фудбалска федерација, исто така, потсети дека мексиканскиот голман Гилермо Очоа и капитените на Португалија и Аргентина, Кристијано Роналдо и Лео Меси, ќе учествуваат на рекордното шесто Светско првенство.
Португалскиот стручњак Карлос Кеирош, ќе учествува на петтото Светско првенство по ред, израмнувајќи го рекордот на српскиот стручњак Велибор Бора Милутиновиќ. Кеирош ја водеше Португалија во 2010 година, Иран во 2014, 2018 и 2022 година, а сега ќе седи на клупата на „Црните ѕвезди“.
Сите состави на екипите можете да ги видите ТУКА.
Најдобриот стрелец на Швајцарија не доби виза за влез во САД, репрезентацијата отпатува без него


