Реновирана спортска сала во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со јавното претпријатие „За стопанисување со спортски сали и објекти – Кисела Вода” ја реновираше спортската сала „Независна Македонија”.

– Во салата е извршено молерисување, полирање и лакирање на спортскиот терен. Тревните површини пред салата се хортикултурно уредени, збогатени со повеќе висококвалитетни дрвја и цвеќиња. Со ова корисниците ќе добијат видно подобри услови за спортување, информираат од општината.

Претходно, во истата сала подобрено е осветлувањето и реконструирана е стаклената конструкција. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот