Ременски за случајот „Рекет“: Имаме судење за убиство без леш

Не се одговора на клучното прашање, кај се парите- рече Ременски во „Утрински брифинг“.

Панта Марина на Правниот факултет има многу интересна книга што мислам дека е алфа и омега на сите правници и вели дека кривични дела можат да се сторат со сторување, несторување, со пропуштање. Јас пред ЈО дадов изјава коментирајќи го сведочењето на Ана Камчева дека информирала директор на Управа за безбедност и контраразузнавање за нештата што им се случуваат како семејство, рече во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

-Во полициското постапување – имаш познати сторители, познат давател, барател и е најлесно дело за реализација и за постапување од страна на органите на прогонот и поприлично ми е нејасно зошто тоа останало недопрено, за да се спречи- изјави Ременски во однос на стратегијата на обвинителството и Русковска во овој случај.

Повеќе ми личи на операција (Рекет) што манипулира со пропаганда, вели Ременски, со специјална војна која што манипулира со информации во однос на креирање на општи индиции, отколку во процес во кој што ќе се соберат информации за да се поткрепи тоа.

-Целокупниот процес ми личи дека имаме судење за убиство без леш. Не се одговора на клучното прашање, кај се парите- рече Ременски во „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот