Ременски од УБК му бил пријател на Боки 13, тврди Камчева

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Одговарајќи на прашања на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски, сведокот во случајот „Рекет“, Ана Камчева запрашана дали за давање пари како во овој случај се поднесува кривична пријава до ОЈО, таа одговори:

– Да, но да не сте биле во случај како во мојот.

Камчева рече дека разговорите со поранешниот директор на УБК не се воделе во простории на МВР и дека не знае дали за тие разговори имало направено службена белешка.

На прашање од обвинетиот Бојан Јовановски дали може да ја опише улогата на Зоран Милески во овој случај, реагираше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека Милески си признал вина и е осуден, а емоции не се дозволени, тврдење кое беше прифатено од судот и го одби прашањето на Јовановски.

– Во УБК работеше вашиот пријател Јовче Ременски и од страв да не ме види со Николовски од УБК, не се видов со него во службените канцеларии на управата – рече Камчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот