Рекордни температури во Германија денеска, утре уште потопло
Германија денес го доживува својот најтоплиот ден во годината досега, со температури кои достигнуваат до 38 степени Целзиусови на запад и југозапад од земјата. Утре се очекува да биде уште потопло.
Препорачано
Според Федералната метеоролошка служба, особено во регионот на Рајна, се очекува температурата денес да достигне 36-38 степени Целзиусови. Во остатокот од земјата, се очекува максималните температури да бидат ограничени на помеѓу 30 и 35 степени, а само на брегот и во планините се очекуваат температури под 30 степени. Метеоролозите предупредуваат и на високи нивоа на влажност во текот на ноќта, додека источните и југоисточните региони на земјата се прогласени за највисоко ниво на ризик од шумски пожари, бидејќи локално се очекуваат бурни ветрови, па дури и урагани.
Сепак, се очекува топлотниот бран да достигне врв утре, а Метеоролошката служба предвидува максимални температури помеѓу 34 и 38 степени. Независните метеоролози дури не ја исклучуваат ниту можноста за соборување на рекордот на сите времиња за Германија, 41,2 степени забележани во јули 2019 година во Северна Рајна-Вестфалија.
Локалните власти преземаат посебни мерки за топлотниот бран, отворајќи климатизирани простории за граѓаните и апелираат до ранливите групи да останат во затворен простор и на ладни места. Експертите предупредуваат да се избегнува физичка активност на отворено, додека повеќето училишта го ограничуваат наставното време за децата да се вратат дома пред топлите часови од денот.
„Топлинска купола“ во Европа, феноменот се смета за „тивок убиец“


