Рекорд во Русија: Ковид-19 однесе 320 човечки животи за 24 часа

Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во Русија е потврден рекорден број на смртни случаи од коронавирус на дневно ниво, откако во изминатите 24 часа се регистрирани 320 починати, соопшти Центарот за борба против ковид-19. Досега во земјата од коронавирусот вкупно починале 26.589 луѓе.

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 16.550 заразени случаи, со што вкупниот број на инфицирани од почетокот на пандемијата достигна 1.547.774 милиони лица.

– Во Русија од утре ќе биде задолжително носење на заштитни маски на места за масовно собирање, во јавниот превоз, во такси возилата, во лифтовите и на паркинзите, истакна директорката на надзорното тело за право на потрошувачите и благосостојба на луѓето, Ана Попова.

Владата прецизира дека местата за масовни собирања вклучуваат јавни простори во населбите и градските области, кадешто можат да се соберат повеќе од 50 луѓе.

Во некои руски градови, меѓу кои и Москва, носењето маски е веќе задолжително во јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот