Реиздаден православниот „Милитвеник“ за оние кои ќе се молат во своите домови

Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на телефонот 043 221 231.

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издавачката дејност „Св Ѓорѓи Полошки” на Епархијата Повардарска во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, подготви реиздание на православниот „Молитвеник”.

Според Никола Цилаков од Издавачкат дејност „Св Ѓорѓи Полошки”, ова е трето реиздание на „Молитвеникот” во Повардарската епархија. Подготвено е во два различни концепта, меко печатење и тврда корица.

-Ова ново издание на „Молитвеникот”, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ” и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави – домашни закрилници, рече Цилаков.

Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на телефонот 043 221 231.

Од печат излезе и 53. број на „Православна светлина” што го издава издавачката дејност на Епархијата Повардарска.

Цилаков информира дека  во овој број, стандардно, како и досега, обработиле  теми од нашата православна вера и живот и се надеваат  дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Тој информира дека Списанието како и досега  е бесплатно и сите православни христијани  може да го земат во храмовите на Епархијата Повардарска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот