Регионот се обедини во поддршката за Турција

Земјотрес Турција/ Фото: Depo Photos/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција и Бугарија испратија сочуство и поддршка за Турција која утрово беше погодена од најлошиот земјотрес во која таа земја го бележи во последниве 80 години.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил изрази сочуство до турскиот народ кој беше погоден од ужасниот земјотрес.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Твитер ја даде својата поддршката за турскиот народ и претседателот Ердоган, пишувајќи дека Србија е спремна да испрати помош за Турција.

Бугарија соопшти дека ќе испрати два авиони со спасувачи за Турција, а тамошното Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да испрати и медицински тим во Воената академија во Турција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Твитер изрази длабока тага за стотиците загинати и огромните разурнувања предизвикани од силниот земјотрес.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај исто така на Твитер изрази сочуство за жртвите, нудејќи помош за Турција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот