Регенератор пред шампон: Да или не?

Инстаграм

Дали некогаш сте пробале обратно миење на косата?

Доколку не сте го пробале ова порано, сигурно барем  сте слушнале совети  колку е добра нега за косата. Жените кои го испробале ова, истакнуваат дека косата ќе биде значајно помека при допир, сјајна и блескава.

Повеќето од нас прво користат шампон, а потоа и регенератор, и тоа нас ни е навика и убава рутина скоро низ цел живот. Сепак, ако имате проблем со масна и тенка коса, редоследната замена на користење на производите доведува до одредени бенефиции. Тоа се вика “reverse hair washing”, а за да ја сфатиме најдобро, не би било лошо да се присетиме на основните функции на шампонот и регенераторот.

Шампонот служи да ја исчисти косата, посебно коренот од супстанции како вишок маснотии, акумулација на производи и мртви клетки на кожата. Регенераторот, од  друга страна, ја храни и измазнува косата и ја заклучува влагата во внатрешноста на косата. Обратното перење на вашата коса и ја дава потребната хидратација и исхрана од регенераторот, но нема да ја отежне, затоа што ќе се испере со шампон потоа. „Reverse hair washing”, им дава предност на оние со масна и тенка коса, на оние кои им треба освежување во однос на негата на коса, но нема причина да го пробаат и останатите типови коса.

За да оваа постапка има ефект, најдобро е да изберете лесен балсам со ниска маслена текстура, кои нема да ја отежнуваат косата. Најдобри регенератори за овој вид на перење на коса се оние кои се користат и како leave-in прозиводи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот