Реџепи: Ако Алтернатива не успее да ги спроведе програмските точки, треба да ја напушти Владата

Скендер Реџепи Алтернатива
Скендер Реџепи / Фото: Слободен печат- Драган Митрески

Пратеникот од редовите на партијата Алтернатива, Скендер Реџепи не се согласува со начинот на делување на неговата партија како дел од владината коалиција. Тој во изјава за „Слободен печат“ вели дека Алтернатива никогаш не била поголем политички фактор како што е сега.

– Владата зависи од пратениците на Алтернатива. Алтернатива ги има сите можности да ја реализира својата политичка програма без да дава отчет пред никого. Доколку Алтернатива не успее да ги спроведе програмските точки договорени со мнозиството, треба да ја напушти Владата. Алтернатива стана дел од владата поради договорената програмска платформа, а не поради политичките функции што ги презеде. Но, за жал, 100-те дена не донесоа никаква промена, досега ниту една од договорените точки не се реализирани, изјави Реџепи за „Слободен печат“.

За жал, додава Реџепи, отстапувањето на Алтернатива од политичките стремежи, и договорената програма има последици, а последиците можат да бидат ненадоместливи.

– Тоа е резултат на немањето политички капацитет и сета одговорност паѓа на тесното партиско раководство, поконкретно врз претседателот на партијата, нагласи тој.

Од неговата матична партија не сакаат да ги коментират обвинувањата на Реџпеи.

„Не, не. Нема што да коментираме“, изјавија од таборот на Гаши.

Од друга страна, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во своето последно телевизиско интервју изјави дека неговата партија е клучот на парламентарното мнозинство.

Коментирајќи ја блокадата на работата на Собранието од страна на пратенците на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети изјави дека тоа е копија на делувањето на ДУИ во минатото.

– Во време кога бевме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше СДСМ. Да се ​​постигне да се урне Влада, тоа го постигна само Демократската унија за интеграција, ние бевме клучот на владата. Сега ВМРО-ДПМНЕ го користи истиот метод бидејќи доколку ДУИ се тргне од ова партнерство, секако дека владата ќе падне, изјави Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот