Речиси 90 отсто од новозаразените во Бугарија се со британскиот сој

Девојка со заштитна маска против коронавирусот во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Во Бугарија во моментов има јасна тенденција на зголемување на инциденцата на ковид-19, а речиси 90 отсто од новите инфекции се со британската верзија на коронавирусот. Во најголемата бугарска болница за итни случаи „Пирогов” повеќе од половината од ковид-креветите се пополнети, изјави проф. Никола Габровски, заменик директор на институцијата.

Прашање на личен избор, смета Габровски, е дали некој ќе оди во ресторан или во трговски центар, коментирајќи ги лабавите антиепидемиолошки мерки во Бугарија.

– Животот мора да продолжи. Долго време кажувавме дека сите страдаме од оваа изолација. Во моментов се бара рамнотежа меѓу овие мерки и релативно нормалниот живот. Мојот повик, сепак, е да бидеме одговорни – додаде тој.

Докторот на „Пирогов” изјави дека во Бугарија има добра организацијата за имунизацијата, но таа е ограничена поради малите количества на вакцини што се достапни. Тој е категоричен дека скептицизмот на оваа тема е значително намален и дека Бугарите се убедени во потребата од користење препарати против заразата.

Проф. Габровски посочи дека при имунизацијата во „зелените коридори” предност ќе имаат старите лица, но само откако ќе има доволно количество вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот