Фото: Принтскрин/Фејсбук

Рецепт за старински карамел-колач, се топи во уста, готов за 30 минути

Ако сте љубител на сочни колачи со богат крем и неодолив вкус на карамела, овој рецепт е вистинскиот избор за вас. Карамел-колачот го спојува мекиот бисквит од какао со нежниот крем со карамелизиран шеќер и печени лешници. Идеален десерт за неделен ручек, празници или кога сакате да ги изненадите гостите.

Состојки:
За бисквитот:

– 2 јајца
– 150 г шеќер
– 100 мл масло
– 100 мл млеко
– 200 г брашно
– 13 г прашок за печиво
– 2 лажички какао во прав

За кремот:

– 260 г шеќер (карамелизиран)
– 150 мл топла вода
– 1 л млеко
– 2 ќесички пудинг од ванила
– 3 лажици гриз
– 20 г ванилин шеќер
– 100 г мелени печени лешници

Подготовка:

За бисквитот, матете јајца и шеќер додека смесата стане пенеста. Додајте масло и млеко и добро соединете. Во посебен сад измешајте брашно, прашок за печиво и какао во прав.

Постепено додавајте ги сувите состојки во смесата со јајца и мешајте додека добиете мазна смеса. Сипете ја во подмачкан плех и печете на 180 степени, 20-25 минути. Оставете ја да се олади.

За кремот, во тенџере топете шеќер на тивок оган додека добие златно-кафена боја (додека се карамелизира). Внимателно сипете топла вода и мешајте додека се растопи карамелот. Додајте 700 мл млеко и ванилин шеќер и оставете да зоврие. Во преостанатите 300 мл млеко, разматете пудинг и гриз.

Кога млекото ќе зоврие, сипете ја смесата со пудингот и загревајте додека кремот се згусне. Додајте мелени лешници и добро промешајте. Оставете го кремот да се олади, па нанесете го преку оладениот бисквит.

Оставете го колачот во фрижидер неколку часови, а најдобро прекуноќ за да се стегне и за да се поврзат вкусовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот