Рецепт за плазма трилече: Меки коцки прелиени со карамела

Фото: Pxhere

Трилече е колач што е популарен во целиот свет. Ако сте љубител на овој прекрасен деликатес, тогаш ви предлагаме да го пробате и рецептот за плазма трилече со прелив од карамела.

Мекиот колач со омилениот бисквит натопен во млеко, а потоа прелиен и со карамела е едноставно неодолив, а ќе ја разубави секоја трпеза.

Состојки:
За кората:

– 6 јајца
– 150 г шеќер
– 150 г мелена плазма
– 100 г брашно
– 1 прашок за печиво

За преливот:

– 250 мл слатка павлака
– 250 млеко
– 150 мл засладено кондензирано млеко

За карамела:

– 150 г млечни карамели
– 150 мл слатка павлака
– 200 мл засладено кондензирано млеко

Подготовка:

Јајцата со шеќерот изматете ги пенесто, па додадете ја плазмата и просеаното брашно со прашокот за печиво. Сè убаво измешајте, па сипете ја смесата во тепсија што сте ја подмачкале со масло и посипете со брашно.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Со чепкалка за заби проверете дали кората е готова. Во сад измешајте ги слатката павлака, млекото и кондензираното млеко и убаво измешајте, па прелијте врз врелата кора. Оставете да се излади.

Во загреаното млеко растопете ги млечните карамели, а потоа додајте го кондензираното млеко и сè убаво соединете. Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер да се излади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот