Рецепт за овесна пита со тиквички и брокула: Толку вкусна не сте пробале!

Foto: PickPik

Доколку барате идеја за здрав, едноставен и вкусен ручек, прочитајте го рецептот за крцкава пита од овесни снегулки, тиквички и брокула. Оваа вкусна пита е готова за час и е совршена за носење на работа, а вкусот е навистина фантастичен.

Состојки:

– 100 грама овесни снегулки
– 150 мл јогурт
– 30 мл масло
– 1 прашок за печиво
– 100 грама тиквички
– 100 грама брокула
– 2 јајца
– 50 грама сусам
– сол

Подготовка:

Во сад измешајте ги овесните снегулки, јогуртот, јајцата, маслото, сусамот, прашокот за печиво и солта. Оставете ја смесата настрана неколку минути за да омекнат снегулките.
За тоа време, изрендајте ги тиквичките и добро исцедете ги. Брокулата исечкајте ја на ситни парчиња или исто така изрендајте ја.
Зеленчукот додајте го во смесата со овесни снегулки, па сè добро измешајте.
Смесата сипете ја во плех обложен со хартија за печење, посипете со сусам и печете околу половина час во рерна загреана на 180 степени.
Изладете ја питата пред сечење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот