Рецепт за најсочна мусака, со тиквички и спанаќ

Фото: Flickr

Мусаката кај нас обично се прави со компири и мелено месо, но пролетта е идеално време да пробате нешто поинакво. Пазарите и продавниците се преполни со разновиден зеленчук, па љубителите ќе бидат особено воодушевени од овој рецепт. Сега е сезона на тиквичките и спанаќот, па ви предлагаме да ја пробате сочната мусака направена од овие два вида зеленчук. Додадете малку сирење и домати и ќе направите фантастичен ручек за целото семејство.

Состојки:

– 3 големи тиквички
– 4 домати
– италијански зачин
– маслиново масло
– босилек
– 150 грама спанаќ
– 4 лажици рикота
– 2 чешниња лук
– 200 грама моцарела

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги по должина, па ставете ги во огноотпорен сад и посолете ги. Оставете ги околу 10 минути. Исечете ги доматите на кругчиња, а потоа посолете, побиберере и посипете со италијанскиот зачин.

Тиквичките исушете ги со крпа, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Прелијте со маслиново масло и посипете со италијански зачин. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Спанаќот ситно исечкајте го, па се измешајте со сирењето рикота.

Добро соединете, па додајте мелено лукче, сол, бибер и италијански зачин и убаво измешајте. Земете огноотпорен сад, па по долж наредете ги тиквичките. Потоа премачкајте со смесата со спанаќ (половина од количината), па одозгора наредете половина количина од доматите. На крај ставете ја сечканата моцарела и покријте со уште еден ред тиквички. Премачкајте со сос од домати, па потоа другата половина од смесата со спанаќ и останатите домати. Повторно наросете со сечканата моцарела. Намачкајте сос од домати и посипете со пармезан. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Пријатно!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот