Рецепт за домашни лепињи направени со јогурт, меки и воздушести

Фото: Pxfuel

Лепињата се поврзува со специјалитети на скара, но и друга, ваша омилена храна, одлично ќе се снајде во неа. Зошто да купувате лепињи во продавница кога можете сами да направите уште повкусни дома? Потребни ви се само неколку состојки. И нежни прсти, бидејќи при обликувањето на лепињите не смеете да бидете премногу груби за да не го истиснете воздухот од нив. Ова ќе ги направи вашите домашни лепињи екстра вкусни.

Состојки:

– 550 грама брашно
– 300 мл јогурт
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка сода-бикарбона
– 1 лажичка прашок за печиво
– масло

Подготовка:

Во длабок сад сипете јогурт, додајте ги шеќерот, солта, сода-бикарбона, прашокот за печиво и измешајте. Постепено додавајте го брашното и замесете помеко тесто.

Тестото ставете го во најлонско ќесе (за замрзнувач) и оставете го во фрижидерот да отстои 10 минути.

Потоа, тестото преместете го на побрашнетата работна површина, формирајте облик со сукалото и исечете на 7 делови. Секој дел преместете го формирајќи 7 топчиња.

Ставете ги на чинија и оставете да отстојат 5 минути, па секое топче со сукалото развлечете го во круг (со големина на чинија). Маслото загрејте го и лепињите пржете ги на умерена температура додека не поруменат од двете страни. Готовите лепињи положувајте ги на кујнска хартија, за да се исцеди вишокот од маснотии.

Можете да ги послужите со сирење, ајвар, кајмак или како слатка варијанта со џем или крем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот