Фото: Pxhere

Рецепт за домашен чипс од тортилја, повкусен од купечкиот

Подготвувате мексиканска гозба, а го заборавивте чипсот? Не очајувајте. Ако дома имате тортилји, многу лесно можете да направите и чипс. Доволно е да ја исечете тортилјата на триаголници, да ја испржите на масло, а потоа добро да ја посолите.

Чипсот од тортилја е одличен избор за дружење со пријателите. Од чипсот можете да направите начоси, да ги послужите со салса или со гвакамоле, а одлично ќе одат и со хумус.

Најдобро од сè? За чипсот од тортилја потребни ви се само три состојки и околу 15 минути време. Се подразбира дека вкусот на домашно приготвениот чипс е уште подобар од купечкиот.

Состојки:

– 3-4 тортилји од пченка

– сол по желба

– растително масло за пржење

Подготовка:

Исечете ја тортилјата од пченка на триаголници како да сечете пица.

Во тава загрејте многу масло.

Исечените тортилји ставете ги во маслото и пржете ги од секоја страна околу две до три минути додека не добијат златно-кафеава боја.

Префрлете го чипсот на хартија за впивање маснотија.

Посолете пред сервирање.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот