Реакцијата на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед (ВИДЕО)
Менмаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред новинарите октри дека Бруно Фернандеш ќе биде капитен на вечерашниот натпревар против ПСЖ на стартот од Лигата на шампионите и со тоа го изненади и самиот фудбалер кој присуствуваше на прес конференцијата.
Манчестер јунајтед во новата сезона од Лигата на шампионите ќе стартува со нов капитен. Во отсуство на Хари Мегваер, менаџерот Солскјер одлучи капитенската лента против ПСЖ да ја носи Бруно Фернандеш, кој во јануари пристина на „Олдс трафорд“.
– Откако дојде пристигна нашиот клуб Бруно има големо влијание на играта и резултатите, а тоа го покажува и статистиката. Не го промени тимот, туку го покрена – изјави Солскјер.
Од оваа одлука на својот тренер, изненаден беше и самиот фудбалер, а на медиумите не им избега ниту неговата реакција.
– Не го очекував ова, дознав во исто време кога и вие новинарите. За мене ова претставува голема чест. Да се биде капитен на Манчестер јунајтед е голема чест. Но мислам дека секој од нас е капитен, секој треба да помогне и да биде лидер на свој начин – изјави Фернандеш.
Bruno looks half asleep until Ole mentions he’s captain tomorrow. Look at that smile, you can tell it means a lot to him ??? pic.twitter.com/H5GWZCuJeq
— Alex Turner (@pagancat3) October 19, 2020