Реакција на Богоевски за одбивање на барањето за екстрадикција на Морина (ФОТО)

Откако Кривичниот суд денеска соопшти дека не се исполнети условите за екстрадикција на Томор Морина, поранешниот пратеник Павле Богоевски денеска изнесе реакција на својот Фејсбук профил.

„Кривичниот суд пресече дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина, поранешен висок претставник на УЧК. Лицето кое се бара со меѓународна потерница на Интерпол, нема да им биде предадено на властите кои го бараат. Да појаснам, во поглед на прашањето Србија/Косово, го поддржувам правото на самоопределување и независноста на Косово (став кој официјално го дели и нашата држава). Но, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото? Ова е погрешниот тип на политичко влијание врз судството. Се’ додека имаме високи владини претставници, вице-премиери и градоначалници кои однапред го наведуваат судството во која насока треба да одлучува – нема да имаме судство.

п.с. Пример за правилно политичко влијание врз судството е Закон за ветинг на судиите и задолжителна проверка на потекло на имот за сите судии и обвинители.“ , стои во реакцијата на Богоевски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот