РЕАКЦИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Учениците повторно ќе учат од „партал“ учебници (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Родителите на социјалните мрежи повторно реагираат за старите учебници кои се пренесуваат од генерација на генерација, а на кои им недостасуваат корици и страници и од кои нивните деца треба да учат и оваа година.

Неколку корисници на Твитер и Фејсбук и оваа година го искажаа незадоволството од изгледот на учебниците кои ги добиле, а кои се искинати и им недостасуваат страници.

„Ги земавме учебниците“, пишува револтиран родител на Фејсбук, објавувајќи фотографија подолу од стари и искинати учебници по македонски јазик и историја и додава: „Супер е тоа шо се пренесува од генерација на генерација, но мислам дека мора да се заменуваат ваквите кои се партали. Фалат страни, лом се“.

Друг родител на Фејсбук исто така реагира за старите учебници, истакнувајќи дека овие учебници им се делат на учениците во училиштата.

„Еве ова им се дава на учениците по школите!!! „Партал“, пишува во статусот под кој е објавена фотографија од неколку стари и искинати учебници.

За состојбата со старите искинати учебници го контактиравме и Министерството за образование и наука, од каде информираат дека учебниците се обезбедуваат по нарачака од страна на училиштата секоја учебна година.

– Учебниците се обезбедуваат согласно нарачката од страна на училиштата, и согласно законските обврски за обезбедување на целосни тиражи од 1-во до 3-то одделение секоја учебна година. Учебниците се дистрибуират до училиштата а начинот на прием, враќање,:чување и давање на комплети на учебници е пропишан со Правилник и истиот е објавен на веб страна на е-учебници. Одговорните лица за нарачка за учебници се запознаени со истиот – велат од МОН.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот