Развод и банкрот: Кели Кларксон ќе треба да издвојува месечно по двесте илјади долари за својот сопруг
Пејачката Кели Кларксон, победничката на Американски идол во 2003 година, моментално е во пеколот на разводот со сопругот Брендон Блексток, со кого има две деца.
Судијата во Лос Анџелес оваа недела одлучи дека музичката ѕвезда треба да му плаќа на својот сопруг по 200.000 долари месечно, вклучувајќи и 45.000 долари за издршка на децата.
View this post on Instagram
Брендон Блексток годишно ќе добива околу 2,4 милиони долари од неговата поранешна сопруга. Според одлуката на судијката, Кели Кларксон, таа е должна да плати 1,25 милиони долари судски трошоци за себе, но и за нејзиниот сопруг.
View this post on Instagram
Американските медиуми претходно пишуваа дека Блексток бара од неговата сопруга да му плаќа двојна бројка секој месец, но судот ја преполови сумата.