Размножувањето во сродство е закана за балканскиот рис

Фото: Македонско еколошко друштво

Диме Меловски кој е раководител на програмата за зачувување на диви животни во Македонското еколошко друштво вели дека популацијата на балканскиот рис која е доста мала засега е стабилна, но се соочува со одредени закани, како што се размножувањето во сродство, што пркоси на мали изолирани популации и може да придонесе до огромен пад и на крај, целосно да исчезне таа популација.

Во природа има околу четириесетина до педесет рисови на кои им треба секаков вид на помош, од страна на македонските институции, невладиниот сектор, меѓународното тело, со цел да се овозможи што поголема заштита на балканскиот рис на овие простори во Западен Балкан.

Во Европската куќа во Скопје, Меловски денеска ја презентираше програмата за закрепнување на балканскиот рис и информираше дека се работи за долгогодишна континуирана програма што се работи во три држави на Балканот – Македонија, Албанија и Косово.

Фото: Принтскрин, МИА

Тука сме да ги презентираме резултатите, пред институции што главно се занимаваат со меѓународни прашања. Има тука и претставници на невладини организации, на амбасади. Се е под покровителство на евроамбасадорот Дејвид Гир. Целта е да ги информираме за тековните случувања со проектот и да понудиме соработка, рече Меловски.

Тој појасни дека оваа фаза од програмата ќе трае уште во наредните четири години.

Мислам дека овие наредни четири години ќе биде клучно, што повеќе да се има соработка со сите институции, кои барем малку ја допираат заштитата на животната средина. Со цел да имаме поддршка во справување со оваа последна закана што ја детектиравме, размножувањето во сродство, додаде Меловски.

Фото: Принтскрин, МИА

Пред присутните се обрати и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија. Тој истакна дека заштита на природата, одржување на биодиверзитетот и подобрување на одржливото користење на природните ресурси, отсекогаш биле мошне важни за Европската Унија.

Тој рече дека кризата со биодиверзитетот мора да дојде во преден план на глобалната политичка агенда, исто како и климатските промени.

Северна Македонија е домаќин на богат биодиверзитет, вклучувајќи многу загрозени, ретки и ендемични видови, како и релативно големи нерасипани екосистеми. Глобалниот тренд на биодиверзитетска загуба, ја погодува и оваа држава, па акции кон заштита и зачувување на такво богатство е од најголема важност, посочи Гир.

Тој додаде дека Македонското еколошко друштво е особено ценето за активизмот што го демонстрира за заштита на природата, вклучувајќи ја борбата против биодиверзитетската загуба.

Сегашните предизвици во зачувување на природата, подвлече Гир, може да бидат решени само со заедничка посветеност на сите и акција на секој од нас.

Фото: Принтскрин, МИА

Робертина Брајаноска, извршен директор на Македонското еколошко друштво во нејзиното обраќање истакна дека  е многу важна соработката меѓу институциите и сите други субјекти, за зачувување на овој вид и подобрување на популацијата. Затоа, додаде, голема е и заинтересираноста на досегашните партнери од странство, кои имаат помагано во овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот