„Разговорите за Украина беа многу позитивни“, велат американските и руските претставници од Давос

Пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп и на рускиот претседател Владимир Путин во вторникот изјавија дека нивната средба во Давос за ставање крај на војната во Украина била „многу позитивна“ и „конструктивна“, објави ТВП.

САД одржаа разговори со Русија, како и одделно со Киев и со европските лидери, за предлози за завршување на војната во Украина, но договор сѐ уште не е постигнат, и покрај повеќекратните ветувања на Трамп дека ќе успее да го обезбеди.

Украински министри во Давос: Нашата војска ќе чини до 700 милијарди долари во наредните 10 години ако Русија продолжи со агресијата

Европските сојузници на Украина, кои во моментов јавно се расправаат околу заканите на Трамп поврзани со Гренланд, се загрижени дека САД би можеле да побараат Украинците да прифатат територијални отстапки.

– Дијалогот е конструктивен и сѐ повеќе луѓе ја разбираат исправноста на руската позиција – изјави рускиот пратеник Кирил Дмитриев по разговорите со пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, во т.н. „Куќа на САД“ во Давос.

Виткоф изјави дека средбата, која инаку траеше два часа, „беше позитивна“.

Во прашање е начинот на кој ќе заврши најсмртоносната војна во Европа од Втората светска војна наваму, иднината на Украина, степенот до кој европските сили ќе бидат маргинализирани и дали евентуален мировен договор посредуван од САД ќе биде одржлив.

Политико: Трамп се дистанцира од Зеленски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот