Украински министри во Давос: Нашата војска ќе чини до 700 милијарди долари во наредните 10 години ако Русија продолжи со агресијата
На Украина ќе ѝ бидат требаат стотици милијарди долари странска поддршка за одржување на армијата во следната деценија, изјавија двајца украински министри на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, јави ДПА.
Препорачано
Украинскиот вицепремиер задолжен за евроатлантската интеграција, Тарас Качка, оцени дека доколку Русија продолжи со агресивната политика кон Европа и кон светот, вкупните трошоци за одбрана би можеле да достигнат и до 700 милијарди долари во наредните 10 години.
Министерот за економија Олексиј Соболев нагласи дека станува збор за средства што не се опфатени со државниот буџет на Украина и затоа би морале да се обезбедат од надворешни извори. Според неговите проценки, буџетските трошоци за одбрана во истиот период би изнесувале околу 500 милијарди долари.
Украина веќе речиси четири години се спротивставува на руската инвазија со значителна меѓународна воена и финансиска поддршка.
Според податоците на Институтот за светска економија од Кил, досега на Украина ѝ е ставена на располагање воена помош во износ поголем од 234 милијарди долари.


