Разделбата на Том Круз и Ана де Армас го одложи и нивниот филм
Се чини дека дури ни холивудските ѕвезди не се имуни на љубовните врски што ги менуваат деловните планови. Новиот филм на Том Круз и Ана де Армас, трилерот „Deeper“, е привремено ставен на чекање, веднаш откако двојката, која наводно беше неразделна девет месеци, ја заврши својата романса.
Препорачано
Според „Дејли мејл“, Том Круз (63) и Ана де Армас (37) поминале речиси една година заедно во Лондон, каде што секојдневно тренирале за тешки подводни сцени. Нивната хемија, пред и зад камерите, предизвика шпекулации дека се во љубовна врска. Сепак, според извори блиски до актерката, Ана решила да се разделат.
„Почнуваше да се чувствува непријатно со брзината со која сè се случуваше. Таа сè уште многу го сака Том, но мораше да престане“, откри изворот.
И покрај раскинувањето, двајцата наводно остануваат во добри односи, а добро информирани извори тврдат дека меѓу нив сè уште постои „несоборлива хемија“.
Пробите за филмот беа во полн ек во Лондон кога, покрај љубовниот бродолом, пристигна и нов удар – политички.
Според интернет инсајдерот Даниел Рихтман, снимањето било ставено под знак прашалник откако американскиот претседател Доналд Трамп вовел царина од 100 проценти за филмови снимени надвор од САД , вклучително и оние во Обединетото Кралство.
За „Deeper“, кој требаше да снима клучни сцени во британски води, ова беше сериозен удар. Се проценува дека буџетот на филмот веќе надминал 230 милиони долари, принудувајќи ги продуцентите да размислат за преместување на снимањето или драстично намалување на трошоците. Тајмингот, се чини, не можеше да биде полош.
Иако обожавателите се разочарани од паузата во продукцијата, се чини дека раскинувањето на Круз и де Армас не е конечно. „Сан“ објавува дека двајцата актери „сè уште се обожаваат“ и „не ја исклучуваат можноста нивните животи повторно да се вкрстат“.
„Ана мислеше дека оваа година ќе биде сосема поинаква за неа. Разочарана е, но не е скршена – се држи, работи и сè уште е во пријателски односи со Том“, изјавил пријател на актерката за „Дејли мејл“.


