Разбиен ланец за трговија на деца во Грузија: Искористувале осумгодишни девојчиња, меѓу уапсените и родители

Фото: Профимедиа

Грузиската полиција разбила ланец за трговија на деца, кој искористувал девојчиња од осум години за производство на порнографија. Уапсени се 11 лица, соопштија денес локалните власти, а пренесе „Блиц.рс“.

Грузија соопшти дека во заедничка операција со Европол, американските и австралиските безбедносни служби е најголема досега во поранешната советска држава.

Меѓу уапсените се и родители на десетина девојчиња, за кои полицијата наведува дека им било плаќано меѓу 170 до 1.000 долари за фотографирање. Освен Грузијци, меѓу уапсените има и американски и австралиски државјани.

– Разбивањето на оваа организација ќе има значајно влијание врз производството и дистрибуцијата на материјалите на кои има експлоатација на деца во Грузија и на меѓународен план – изјави Венди Рикс, припадничка на австралиската федерална полиција за прес-коференција за новинари во Тбилиси.

Во соопштението од грузиското Министерство за внатрешни работи се наведува дека, доколку уапсените бидат прогласени за виновни за трговија на деца, производство и продажба на детска порнографија, се соочуваат со доживотна казна затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот