Расте бројот на загинати на француските Алпи, каде лавина за миг затрупа планинари

Фото: Твитер

Бројот на загинатите во лавина на француските Алпи денеска се искачи на шест, а меѓу загинатите има и двајца планинарски водичи, соопштија локалните власти.

Канцеларијата на обвинителството во Боневил, во департмантот Горна Савоја, наведува дека телото на шестото лице е пронајдено откако потрагата продолжила денеска по лавината која се случи вчера.

Едно лице е префрлено во болница со полесни повреди, соопштија од Горна Савоја. Пронајдени се уште осум лица, кои не се повредени.

Други детали за жртвите не се соопштени.

Лавината се случи вчера, околу пладне на глечерот Амансет, кој се наоѓа во близина на селото и ски-центарот Ле Контамен-Монтжоа, во департманот Горна Савоја.

Инаку локалната радио станица „France-Bleu“ објави дека лавината била долга еден километар и широка 100 метри.

Ужас во Словенија: Снежна лавина затрупа 7 лица, итно активиран спасувачки хеликоптер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот