Расте бројот на ноќевања, Букинг и Ербиенби уриваат рекорди

Booking.com

Има активен раст на резервациите во секој регион и бројот на луѓе кои резервираат за прв пат. Букинг холдингс објави рекорден број резервации минатиот квартал, на почетокот на летото за кое предвидуваат дека може да биде најуспешно досега.

Онлајн туристичката компанија, која ги вклучува Букинг.ком, Прајслајн, Kaјак, Aгонда, Опен тејбл и други, направи резервации од 39,7 милијарди долари минатиот квартал, што е за 15 отсто повеќе од претходната година, рече извршниот директор Глен Фогел.

Тој откри дека зголемувањето на резервациите ги надминало нивните очекувања, а позитивниот тренд продолжил и во јули, со 20 отсто повеќе резервации од претходната година. Рекордните бројки во вториот квартал резултираа со оперативен профит од околу 1,8 милијарди долари, што е за 64 отсто повеќе на годишно ниво и за околу 35 отсто повеќе од очекуваното.

Вкупниот приход минатиот квартал изнесуваше 5,5 милијарди долари, што претставува зголемување од 27 отсто. Нивните акции годинава пораснаа за речиси 40 отсто.

Фокусот на компанијата е инвестирање во технологија за вештачка интелигенција која ќе им помогне да го подобрат системот на поврзано патување, односно услугата која им овозможува на патниците да ги резервираат сите фази од патувањето, од летови до хотели и трансфери, преку платформата Букинг.

Во третиот квартал Ербиенби очекува раст на приходите од 14 до 18 отсто во споредба со минатата година, со благ пораст на профитот, анализира Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот