Расплет во групите Е и Ф: Денеска ги дознаваме сите учесници во осминафиналето на ЕП
На Европското првенство во фудбал во среда ќе се одиграат натпреварите од последното – третото коло во групите Е и Ф, со што ќе биде комплетирана првата фаза од натпреварувањето.
Препорачано
Од 18.00 часот на програмата се натпреварите во групата Е. Словачка ќе се сретне со Романија на стадионот Дојче Банк Парк во Франкфурт, додека Украина и Белгија ќе играат истовремено во МХП Арената во Штутгарт.
Во пресрет на последното коло сите селекции имаат по три бода и нема дилема дека нѐ очекува голема драма. Романија е моментно лидер пред Белгија, трета е Словачка, додека на четврто место е Украина.
Од 21.00 часот се играат натпреварите од групата Д. Чешка и Турција ќе играат на „Волкспаркштадион“ во Хамбург, додека Грузија и Португалија се среќаваат во „Велтинс арената“ во Гелзенкирхен.
Португалија пред последното коло е прва со шест бода и веќе обезбеди осминафинале. Турција е втора со три бода, Чешка е трета со еден, колку што има и Грузија на четвртата позиција.
До сега на континенталниот шампиопнат се познати две осминафинални двојки: Германија – Данска и Швајцарија – Италија.
????????????????
Who are you backing in today's fixtures?@bookingcom | #EUROfixtures pic.twitter.com/t1cRVNNff0
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 26, 2024


