Распишана потерница по соработничката на Навални

Љубов Собол и Алексеј Навални/ Фото EPA

Во Русија е распишана потерница за апсење на блиската соработничка на приведениот руски опозиционер Алексеј Навални, Љубов Собол, пренесува Москва Тајмс.

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа на својот портал објави дека 34-годишната Собол се бара во врска со „кривично дело“ без дополнителни информации.

Адвокатката Љубов Собол учествуваше во бројни акции и демонстрации на Алексеј Навални, кој од јануари е во затвор во Русија.

Руските власти го зголемија притисокот врз сојузниците и организациите на Навални, кои беа прогласени за „екстремистички“ во јуни и беа забранети, така што ниту еден од нивните членови не можеше да учествува на парламентарните избори во септември, на кои победи владејачката партија на Владимир Путин.

Во исто време, многу членови на движењето на Алексеј Навални ја напуштија земјата, стравувајќи дека ќе бидат затворени.

Се мисли дека Собол ја напуштила Русија

Двајца други соработници на Навални – Леонид Воков и Иван Жданов – исто така се на списокот на барани лица за случаи за кои може да се добијат тешки пресуди.
На почетокот на годината, Навални беше испратен на издржување затворска казна од три и пол години, бидејќи ја прекрши условната казна додека се опоравуваше од труење со нервни агенси во Германија.

Судот објави дека ќе го земе предвид времето што Навални го помина во домашен притвор, па ќе треба да издржи казна од две години и осум месеци.

Апсењето на Навални предизвика бран осуди од страна на Европа. Европскиот парламент вчера му ја додели на Навални годинешната престижна награда Сахаров, за одбрана на слободата на мислење.

Од Кастро до Навални: Најспектакуларните труења во светската политика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот