Навални за изборите во Русија: Подржувачите и противниците на Путин да не се обесхрабруваат

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска ги повика своите поддржувачи да не се обесхрабруваат и покрај победата на владејачката партија на парламентарните избори, оценувајќи дека изборите се „украдени“ поради фактот дека имало масовна проневера.

Единствена Русија, партијата на претседателот Владимир Путин, освои 49,82 проценти од гласовите на изборите, со што добија повеќе од две третини од местата во долниот дом на рускиот парламент, Дума, што е доволно за промена на Уставот.

Навални и неговите сојузници, кои не можеа да учествуваат на изборите бидејќи владата го класифицираше нивното движење како екстремистичко, усвоија стратегија според која ги охрабруваат Русите да гласаат за најдобрите кандидати за да ги победат владините кандидати.

Според опозицијата, ова таканаречено „интелигентно гласање“ би имало голем успех, особено во Москва, но тоа беше спречено со масовна проневера.

„Нашиот резултат беше глупаво украден, изменет на најпримитивен можен начин“, напиша Навални, кој во моментов издржува затворска казна, во порака на Инстаграм.

Тој рече дека борбата на противниците на Кремlin не е спринт, туку „долг и тежок маратон“.

Според Навални главната лекција на овие избори е дека поддржувачите на владата веќе не се мнозинство во земјата и дека можат да преживеат само со мамење.

Опозицијата верува дека резултатите од гласањето преку Интернет во Москва биле фалсификувани, што овозможило да се смени неповолниот тренд за Единствена Русија забележан при броењето на хартиените ливчиња.

Критичарите на Кремљ и невладината организација Голос, исто така, посочија на масовна малверзација, вклучително и манипулација со гласачки ливчиња, притисок за гласање, исклучување на набудувачите за време на пребројувањето и така натаму.

Изборната комисија ги отфрли тие обвинувања, оценувајќи дека изборите беа „транспарентни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот