Рашковски: Мобилара „Русковска и Трајчева“

„Многу тешко е да најдеш црна мачка во темна просторија, а уште потешко е да ја најдеш ако ја нема”. Кога нема да ја најдеш, се однесуваш како “Слон во стаклара”. Со секоја идна постапка, барајќи ја мачката, која ја нема, кршиш се околу себе – кршиш процедури и права. Класично ја злоупотребуваш својата позиција, земаш налог од судии за претрес и без никаков ред собираш се’ што од информатичка технологија некој дома има. Анализираш 6 месеци – не наоѓаш ништо. По закон треба да го вратиш кога ќе заврши истрагата. Не ја враќаш, небаре е твоја. Како на малото дете кога ќе пробаш да му земеш нешто па плаче и вели „Мое е, мое е, мое е”, се вели во новто писмо до јавноста од поранешниот генерален секретар на Владата и обвинет во случајот „Софтвери“ Драги Рашковски.

Во продолжение целата објава:

„Најголем „мерак” имаш на мобилни телефони. Без никаков ред, на голем број луѓе им ги земаш мобилните телефони. Ги даваш на лице кое има поминато курс од 3 дена (буквално 3 дена – тоа ќе го видиме на 2 март) и бараш, бараш бараш… читаш приватни пораки, гледаш слики, видеа пробуваш да најдеш нешто… Нема ништо криминално. Им одземаат пасоши. Што да признаат кога нема ништо. Што може да признаат – нема црна мачка во темната просторија во која владее твоето неправо. И НЕ ИМ ГИ ВРАЌАШ МОБИЛНИТЕ. НЕ.

Вкупно во истрагата која ја водевте против мене одземавте 45 дигитални уреди од голем број на луѓе кои некои не се ни предложени сведоци. Магнет да ставите да привлекува уреди нема да може толку да привлече. Како доказ во суд предложивте само 5 од 45-те. За тоа што сте правеле со овие 5 уреди повеќе на рочиштето на 2 март, а најмногу на рочиштето на 14 март кога ќе давам исказ на мое барање. Останатите 40… не ги враќате…. и во одговорот кој го праќате на барањата да се вратат се чувствува уште “мои се, мои се, мои се”. До толку се персонализиравте со функциите?

Зошто не им ги враќате стварите на луѓето? Се плашите дека ако им ги вратите ќе излезе во јавност со факти дека пораките за судиите и обвинителите “Глупави се, ништо не разбираат” воопшто не постојат како такви и дека ќе се открие причината дека сето тоа било само поради создавање на омраза кон мене? ПА НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ СО ТОА ВО ЈАВНОСТА.
За ова е поднесена претставка за работењето на Трајчева. Сега се на потег Советот на јавни обвинители, републичкиот обвинител Јовески и ЈО на ОЈО ГОКК Абази.

И на “неправник” му е јасен член 119 од Законот за кривична постапка

Член 119
Враќање на предмети
(1) Ако се во прашање предмети кои несомнено му припаѓаат на оштетениот, а не служат како доказ во кривичната постапка, предметите ќе му се предадат на оштетениот и пред завршувањето на постапката.
(2) Ако повеќе оштетени се спорат за сопственоста на предметите, ќе се упатат на спор, а судот во кривичната постапка ќе определи само чување на предметите како привремена мерка за обезбедување.
(3) Предметите што служат како доказ ќе се одземат привремено и по завршувањето на постапката ќе му се вратат на сопственикот. Ако ваков предмет неопходно му е потребен на сопственикот, тој може да му се врати и пред завршувањето на постапката, со обврска по барање да го донесе.

Вратете им ги телефоните на луѓето…. И така ги чувате во шкафче. Тие веќе немаат никаква доказна вредност. Последно Белкие Решити кажа дека клучот од шкафчето го оставил кај Вилма…
Технологијата губи од вредност секој ден. Тоа што луѓето 2 години не ги користеле, а вие бесправно сте им ги држеле 2 години е сторена штета која поради Вас се случува, а граѓаните не се должни да ја плаќаат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот