Рамос сè уште е слободен играч, не успеаја преговорите со Бешикташ

фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Серхио Рамос (37) и натаму останува слободен играч и е во потрага по нов клуб. На легендарниот шпански репрезентативец му истече договорот со ПСЖ.

Искусниот дефанзивец сака да ја продолжи кариерата, се шпекулираше дека бил во преговори со турскиот Бешикташ, но тој трансфер нема да се случи.

Ова го потврдија од клубот на социјалните мрежи, а во тоа издание се наведува дека имало преговори со Рамос и Андерсон Талиско, бразилскиот играч за врска од Ал Наср. Преговорите со двајцата фудбалери прекинаа откако не успеаја да се договорат за финансиските детали.

Рамос е светски и двократен европски шампион со Шпанија, како и четирикратен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Се поврзуваше со можна преселба во Севиља, клубот во кој ја започна кариерата. И Севиља неодамна го демантираше доаѓањето на Рамос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот