Рамадани: Не сме доволно свесни што значи да се биде дел од НАТО, се изборивме да бидеме таму каде што припаѓаме

Исмет Рамадани, кој од околу 1997 е дел од Евроатлантскиот совет, денеска во „Утрински брифинг“ на „Слбодна ТВ“ упати честитки до граѓаните но и сите со кои досега соработувал за активирање и промовирање на активностите на на НАТО во Северна Македонија.

-Имаше години кога бевме разочарани, особено во 2008 година, меѓутоа од 2018, кога на еден начин ја добивме поканата и 2019, кога веќе почна да се ратификува Протоколот за пристапување се врати и оптимизмот. Знаев дека брзо ќе станеме членка на НАТО, почитувајќи ги сите тие процедури. После секое гласање во парламентите на државите-членки ние си честитавме, чекајќи го денот до 30 март кога станавме членка, изјави Рамадани.

Тој се осврна на впечатокот дека сепак речиси да немаше никаква еуфорија, бидејќи сериозно е сфатена ситуациајта дека во прв план е здравјето и борбата против корона-вирусот, но вели, едно е сигурно, никогаш знамето на Северна Македонија не се веело повисоко од она што значи пред седиштето на НАТО.

-Извонредно добро чувство, дури не сме доволно свесни што значи овој успех да се биде рамо до рамо со најсилните, најбогатите, најдемократски држави во светот и да се биде дел од тој клуб е сигурно голема работа. Членството во НАТО значи дека бевме прави атлантисти и се изборивме да бидеме таму каде што припаѓаме и каде огромното мнозинство граѓани на Северна Македонија беа определени за една таква опција, рече Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот