Рама: Српски војници на север на Косово е како Косово да испрати војници на југот на Србија

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Оценувајќи ја ситуацијата на северот на Косово како неповолна и загрижувачка, албанскиот премиер Еди Рама рече дека барањето на Србија да испрати српски војници на северот на Косово е надреално, како Косово да побара од НАТО да испрати војници за заштита на етничките Албанци во Прешевската Долина.

Ова, додал тој, откако „слушнавме за барања упатени до НАТО за испраќање српски војници на северот на Косово, за заштита на етничките Срби”.

„Разбирам дека ова можеби е уште една димна бомба на политичка реторика, но тоа е исто толку надреално како што би било ако Косово побара од НАТО да испрати албански војници во јужна Србија за да ги заштити етничките Албанци. Сето ова е многу далеку од она што ни треба. Влеговме во третата деценија откако Косово еднаш засекогаш беше ослободено од Белград. Тоа никогаш повеќе нема да биде под законот на Белград“, рекол Рама пред амбасадорите на традиционалниот новогодишен прием, јави Ора њуз

Според него крајот на ова календарска година „не е добар за процесот на нормализација меѓу Косово и Србија”.

„Зголемувањето на тензиите на северот на Косово, не само што е бескорисно, туку и длабоко загрижувачко. Неверојатно е дека мораме постојано да се справуваме со појавата на барикади, назадување во процесот на нормализација и противпожарните екипи на САД и ЕУ да трчаат да ја спасат машинеријата на дијалогот од пламенот на тешката политичка реторика, рекол Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот