РАМА: Сите членки на ОН да го признаат Косово

фото: Фејсбук

Албанскиот премиер Еди Рама на Генералното собрание на ОН во Њујорк, рече дека дојде време сите земји да ја признаат независноста на Косово.

Тој уште еднаш порача дека Косово е независно и дека како такво треба да биде признаено од сите.

– Драга Србијо, независноста на Косово е неповратна реалност – рече Рама.

Премиерот наведе и дека Белград треба да престане „да живее во негирање“.

Рама додаде дека „дојдено е време сите земји членки на ОН, особено и првенствено нашите српски пријатели, да ја признаат независноста на Косово“ и да ја признаат, како што тврди тој, реалноста како единствена сигурна основа за изградба на подобра заедничка иднина.

Тој рече и дека е „важно на Приштина да и се пружи можност да биде дел од сите регионални и меѓународни огранизации, како и во секоја суверена независна држва во светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот